Ѓоковиќ го цитираше Коби Брајант по пласманот во финалето на УС Опен

Новак Ѓоковиќ го цитираше неговиот голем пријател и легендарен НБА кошаркар, Коби Брајант, откако се пласираше во финалето на УС Опен. Во прашање е цитат од 2009 година, кога Лос Анџелес Лејкерс, во финалето имаа предност од 2:0 во победи.

„Зошто би бил сега среќен? Работата не е завршена. Возбудувањето е присутно, мотивацијата е присутна. И повеќе од кога било претходно. Но, имам уште еден чекор до крајот“, рече Ѓоковиќ.

По победата над Александер Зверев, Ѓоковиќ порача дека финалето ќе го игра како да му е последен меч во кариерата. Во случај да победи, тој ќе стане првиот тенисер со 21 Грен слем по Род Лејвер во опен ерата. Финалето ќе се игра во недела во 21:30 часот.

За потсетување, Ѓоковиќ со влезот во финалето успеа да го изедначи рекордот на Роџер Федерер. Сега и двајцата имаат по 31 Гренд слем финалиња во кариерата.

 

Scroll to Top