Хороскоп за 27 јануари: Бикот размислува за пари, на Стрелецот му треба одмор

ОВЕН
Желбата за доминација и барањата кои моментално се поставуваат пред вас, бараат добро да размислите за се што правите. Мора да бидете поумерени. Но, што да правите? Само ако ги бирате зборовите и постапките, може да профитирате.

БИК
Се наоѓате во фаза на размислување за бизнис и пари. Иако тешко доаѓате до целта, работите ќе бидат така како што сте ги замислиле. Ја имате поддршката на планетите. Дејствувате како молња за да го остварите максимумот. Извесна ситуација бара штедење од вас.

БЛИЗНАЦИ
Во потрага по разноликоста може да претерате. Доколку размислувате за патувања и работи кои бараат истрајност, ќе бидете задоволни, но само ако се свртите кон решавање на работите за кои сте одговорни. Во спротивно само ќе се нервирате.

РАК
Љубопитни сте и уживате додека извршувате повеќе работи истовремено. Ќе остварите успешна соработка со Близнаците, но под услов да сте подготвени да ги сослушате и нивните приказни. Сакате да се осамите, а тоа засега е конструктивна одлука.

ЛАВ
Незадоволни сте. Ви недостасува цврстина и упорност за да се изборите за она кое ви значи. Најлесно е да кукате и да бидете незадоволни. Зарем не сте размислувале за тоа дека треба максимално да се ангажирате? Шансите да дојдете до она кое ви значи се големи.

ДЕВИЦА
Трпеливо ги реализирате работите. Ви годи осаменоста и уживате во моментите кои ги посветувате само на себе и на остварување на своите цели. Размислувате за некое патување и работи кои останаа недокажани, а се однесуваат на извесен настан.

ВАГА
Пред вас е напорен ден, пред се, зашто си зададовте премногу обврски, па оттаму произлегува и нервната раздразливост. Доколку се двоумите помеѓу некоја Водолија или Скорпија, одлучете се за Бик. Тоа е моментално личноста која најмалку ќе ве оптерети со своите проблеми.

СКОРПИЈА
Свесни сте дека залетавте во емотивна заблуда или дека за одредени луѓе имате погрешна претстава. Разочарувањето е плод на вашата невнимателност. Свртете се кон решавање на некое важно здравствено прашање- тоа е ваш моментален приоритет.

СТРЕЛЕЦ
Исклучително активен и интересен ден. Пожелно е да оставите малку време и за одмор, зашто ве очекува и голема физичка и психичка работа. Имате одлична моќ за регенерација, иако на моменти pаѓате. Стрпете се кога се парите во прашање.

JАРЕЦ
Можен е непријатен настан врзан со некого кого го сметавте за свој пријател. Партнерот, исто така, прави е за да ви го загрози животот. Потпретете се на сопствениот потенцијал зашто само така ќе успеете. Сите други начини се сомнителни.

ВОДОЛИЈА
Уживајте додека можете. Среќата ве следи на секој чекор. Се обидувате да се усогласите со Лавовите, но тешко ви оди. Затоа свртете се кон Стрелците. Во нивно друштво ќе минете интересни моменти. Можеби би требало почесто да бидете во нивно друштво…

РИБИ
Сериозната и истрајна работа може да ве направи среќни. Доколку планирате посета на лекар – сега е вистински момент. Во останатите сегменти од животот, можни се извесни разочарувања, кои се резултат на пречувствителноста и идеализацијата.

Scroll to Top