Илјадници корисници од разни места во светот пријавија проблеми со „Твитер“

Илјадници корисници на „Твитер“ вчера пријавија проблеми со пристап на сајтот и други технички проблеми. Преку 10.000 корисници во САД, Велика Британија, Канада, Германија, Италија, Франција, Австралија и Нов Зеланд, пријавиле проблеми со сајтот и апликацијата, пренесе Axios.

Ова е првпат да се случи вакво нешто откако Илон Маск во октомври го купи „Твтер“ за 44 милијарди долари. Откако се пожалија за проблемите, Маск им одговори дека изгледа само на него му работел „Твитерот“. Подоцна твитна дека се направени промени во архитектурата на позадинскиот сервер.

„Твитер би требало сега да биде побрз“, им порача милијардерот.

 

 

Scroll to Top