„Инстаграм“ го враќа стариот дизајн и го укинува делот за купување

Инстаграм најави дека делот за купување на нивната апликација ќе биде укинат во февруари, а копчето за објавување слики и видеа ќе се врати на старата позиција. Ова ќе го поедностави дизајнот на најпопуларната апликација за споделување фотографии. 

Првиот човек на Инстаграм, Адам Мосери, во видеото што го објави на својот профил додаде дека шопингот ќе продолжи да постои, исто како и рекламите и во објавите на рилс и стори, но дека повеќе нема да има свој дел кој служи да се препорачуваат насочени производи врз основа на интересите на корисниците.

Инстаграм почна да го тестира новиот дизајн во септември, а Мосери го окарактеризира редизајнот како обид да се поедностави услугата и да се фокусира на поврзување на луѓето со работите што ги сакаат.

 

Scroll to Top