Исчистете го организмот по празниците

Во деновите по празниците бидете добри кон своето тело, измачено со празнична храна. Затоа, направете детоксикација која е брза и лесна.

1. Веднаш по будењето испијте напиток од половина лимон, една чајна лажица куркума и пола лажичка цимет. Млака вода.

Пред спиење: 300 мл. вода со 1/3 лажичка сода бикарбона и половина лимон.

2. За брзо подигнување на организмот

1/2 зелени јаболка
1 цвекло
2-3 струка целер
Сите состојки ставете ги во соковник. Кога ќе биде готово, лесно сипете го во шолја, промешајте и напијте се веднаш.

3. Освежувачки ручек

Чорба/супа од моркови и ѓумбур (за четири личности):

900 гр. изрендани моркови
2 кромиди
5-7 шолји пилешка супа
3 супени лажици свеж изрендан ѓумбир
3 чешњиња лук
1 шолја кефир
морска сол или црн бибер по вкус
2-3 лажици прочистен путер кој можете да го најдете во продавниците за здрава храна или да го припремите сами (поготовката можете да ја прочитате подоле во продолжение)
Подготовка:

Заедно ставете ги морковите, пилешката супа и лукот и гответе сѐ додека не се карамелизира. Сето тоа сипете го во блендер и блендирајте ги сѐ додека не добиете глатка изедначена маса. Претурете во чинија. додадете кефир и зачини по желба.

4. За рамнотежа на хормоните

две крставици
прстофат босилек
1 брокула
1/4 главица зелка
1 шолја расад

Сите состојки заедно измешајте ги во соковник, пресипајте, лесно промешајте и напијте се веднаш.

 

Scroll to Top