Јужна Кореја сака да стане прва земја што ќе воведе 6Г-мрежа

Јужна Кореја сака да стане првата земја во светот што ќе воведе 6Г мрежа со користење врвна технологија, напредни мобилни мрежи базирани на софтвер од следната генерација и зајакнување на мрежите на синџирот на снабдување. Веста ја објави корејското Министерство за наука, информатичка и комуникациска технологија.

Владата на оваа земја ќе ги охрабри локалните компании да произведуваат материјали, компоненти и опрема за развој на 6Г мрежата, а планира и да го зајакне синџирот на снабдување за поддршка на оваа мрежа. Физибилити студија која ја истражува 6Г технологијата веќе е во тек, а целиот проект вреди нешто повеќе од 482 милиони долари.

Јужна Кореја ја има четвртата најголема економија во Азија и поседува 25,9 отсто од патентите за 5Г во 2022 година, а Кина 26,8 отсто. Јужнокорејската влада се надева дека ќе надмине 30 отсто или повеќе од патентите за 6Г.

 

Scroll to Top