Кнедли за супа по старински рецепт

Потребни состојки:

1 јајце
1 лажичка масло
прстофат сол
4 рамни супени лажици гриз

Начин на подготовка:

Одделете ги белките и жолчките, а потоа изматете ги белките додека не станат пенести. Потоа додадете ги жолчките и измешајте да се соедини. Додадете ги маслото и гризот. Нежно измешајте, а ако е потребно додадете уште една лажица гриз. Смесата треба да биде погуста, но не премногу. Оставете 10 минути малку да набабри. Прво натопете ја лажицата во супата, а потоа земете ја смесата и нежно спуштете ја во тенџерето. Не земајте полна лажица бидејќи кнедлите ќе бидат огромни. Покријте и оставете ги да се варат околу 5 минути и супата е готова.

Scroll to Top