Потребни состојки:
околу 600 гр тиквички
50 гр путер
1 лажичка сув зачин
1 лажичка бел бибер
12 листови лазања
100 гр горгонзола
50 гр моцарела
15 гр пармезан
сол по вкус
Бешамел:
50 гр путер
50 гр брашно
1 литар млеко
1 лажичка сув зачин
1 лажичка бел бибер
малку сол
Начин на подготовка:
Измијте ги тиквичките и исечете ги по должина на тенки ленти Пржете ги на путер, посипете ги со суви билки, посипете со бибер и извадете ги од шпоретот. Варете ги лазањите во солена вода околу три минути, во која сте додале неколку капки масло за да не се залепат листовите. Потоа подгответе го бешамелот. Во путерот запржете го брашното. Постепено додавајте го топлото млеко со постојано мешање додека не добиете мазна, густа смеса. Додадете сув зачин, бибер и сол доколку е потребно. На дното на огноотпорен сад ставете малку бешамел, наредете ред лазањи, премачкајте ги со бешамелот, тиквичките, ренданата моцарела и сечканата горгонзола. Врз тоа ставете ги листовите лазањи и повторете ја постапката, така што на последниот лист за лазањи ставете ги бешамелот, ренданиот кашкавал и пармезанот. Печете околу 25 минути во рерна загреана на 220 степени.