Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт се запознаа во 2009 година кога и двајцата сеуште беа тинејџери, а после бројни раскинувања нивната врска сепак преживеа и сега се многу среќни.
Парот се вери минатата година, а веќе со месеци се шушка дека во тајност се венчале. А како јавуваат медиумите тие се спремни да станат родители.
Парот во 2018 година сакаат да станат родители.
Веќе долго време сакаат бебе, но досега не беа спремни. А сега заклучиа дека се конечно спремни за тоа – откри еден пријател на Лиам.
Мајли се спрема веќе некое време за можна бременост така што престана со алкохолот и марихуаната.
Инаку, за Ноќта на вештерките се појави приказна дека пејачката е бремена, но таа брзо тоа го демантираше.