Потребни состојки:
2 јајца
100 гр брашно
100 гр маргарин
200 гр шеќер
1 ванилин шеќер
1/2 половина прашок за печиво
1 лажичка сода бикарбона
50 гр стопено темно чоколадо
200 мл млеко
2 лажици какао во прав
50 гр чоколаден пудинг
100 гр сечкани лешници
Начин на подготовка:
Маргаринот со шеќерот и ванилиниот шеќер се матат додека не се запенат, па се додаваат јајцата едно по едно. Убаво промешајте, па додадете го растопеното чоколадо, какаото во прав, млекото и пудингот. Измешајте ги прашокот за печиво и сода бикарбоната и додајте ги во смесата. Во калап за мафини наредете ги хартиените корпи и наполнете ги со смесата. Посипете со сечкани лешници и печете на 180 степени околу 20 минути. Изладете ги мафините и послужете ги со кафе.