Мафини со пршута и кашкавал

Состојки:
400 гр брашно, 1 кесичка прашок за пециво, 1 лажичка сол, 90 гр путер, 1 јајце, 400 мл јогурт, 150 мл млеко, 1 лажичка босилек, 100 гр рендано сирење, 75 гр пршута и 1 лажица маслиново масло.

Подготовка:
Измешајте го брашното со прашокот за пециво, додадете сол, путер, јајце, јогурт, млеко, босилек и убаво измешајте со миксер. На крајот измешајте го ренданото сирење во подготвената смеса, земете го со лажица и ставете го во подмачканите калапи за мафини. Одозгора ставете ја пршутата исечена на ленти или коцки и посипете ја со маслиново масло. Се пече во рерна загреана на 200 степени околу 30 минути. После тоа, покријте со фолија и печете уште 15 минути.

Scroll to Top