Магдоносот е прогласен за најотровна билка за 2023 година

Ботаничката градина Вандсбек го прогласи магдоносот за најотровното растение оваа година. Минатата година тоа беше компирот. Сепак, можете да продолжите да ја консумирате оваа билка без никакви грижи. Лисјата и корените, кои обично ги јадеме, не претставуваат никаква опасност. Напротив, содржат многу витамин Ц, кој е важен за спречување на настинки, пренесува Фрухтандел.

Магдоносот е двегодишна билка. Во втората година се развиваат цветни стебленца високи од 30 до 70 см, со жолто-зелени цветови. Подоцна се развиваат во семиња. Цветовите не се за консумирање, ниту семките бидејќи содржат масло од магдонос. Маслото од магдонос содржи апиол – кој делува на мазните мускулни влакна на мочниот меур, цревата и матката. Затоа, во минатото, маслото од магдонос се користело за да предизвика абортус.

Германците имаат и израз кој илустрира колку е опасна употребата на магдонос за жените. Да појасниме, магдоносот делува како афродизијак за мажите.

Заедно со апиол, маслото од магдонос содржи и миристицин, друга токсична состојка која може да влијае на централниот нервен систем и да предизвика некои видови напади. Содржи и и ксантотоксин и бергаптен, кои се фототоксични и реагираат на светлина и можат да предизвикаат кожни лезии, пишува „Ботаникал онлајн“.

Правило за компирите е дека никогаш не треба да ги јадете ако се зелени. Според порталот „Хелтилајн“, зелената боја на компирот се јавува кога ќе почнат да произведуваат хлорофил, што е природен процес. Кога ќе го забележите тој пигмент, тоа значи дека компирот почнал да произведува соланин, компонента која штити од штети предизвикани од животни, инсекти, габи и бактерии.

Нивото на соланин е највисоко во лушпите од компирот, па лупењето сигурно ќе отстрани дел од токсините (околу 30 проценти), но нема да го реши проблемот. Експертите не се сигурни колку точно од оваа компонента треба да има во компирот за да ве разболат, но една студија покажа дека 0,6 милиграми на килограм телесна тежина може да доведе до болест. Особено е важно ваквите компири да се чуваат подалеку од децата кои имаат многу помала телесна тежина, за да можат посилно да ги почувствуваат ефектите од труењето со соланин.

Scroll to Top