Македонскиот борач Магомедов освои злато на турнир во Шпанија

Македонскиот борач Ахмад Магомедов освои злато на меѓународниот турнир Гранд Прикс во Шпанија. Ахмад се натпреваруваше во категоријата до 79 килограми, а во финалето со 10:0 го совлада Нурзигит Мустафа од Казахстан. Претходно во полуфиналето беше подобар од Канаѓанецот Бармиш со 1:0.

Магомедов на стартот во осминафиналето со 11:1 триумфираше над Таир Шамсат од Казахстан, а потоа во четвртфиналето со 8:0 го елиминираше Иглесиас, натпреварувач од Шпанија.

За потсетување, денеска настап имаше и Магомедгаџи Нуров во категоријата до 97 кг. Нуров во четвртфиналето водеше со 3:0 против Јухван Сео од Јужна Кореја во првата рунда, но во втората мораше да се повлече поради повреда.

 

 

Scroll to Top