Маргарет Тачер одбила да лета со панда за Вашингтон

By

(Англија) – Поранешната британска премиерка Маргарет Тачер своевремено одбила во својот авион за Вашингтон да прими џиновска панда од лондонската зоолошка градина, покажуваат новообјавените податоци од Националната архива на Британија.

Тачер тогаш својата одлука ја прокоментирала со зборовите дека пандите не се „знак за среќа“ за политичарите, пренесува Би-би-си.

Институтот во Вашингтон, Смитсонијан, барал во тоа време панда чиа-чиа, на позајмица поради парење со пандата чинг-чинг, вид кој живее во САД. Лордот Цукерман, тогашниот претседател на Зоолошкото друштво на Лондон, предложил пандата чиа-чиа да го дели летот со британската премиерка од 1981 година.

Секретарот на кабинетот на премиерката Тачер, сер Роберт Армстронг, тогаш му напишал на лорд Цукермен дека тоа го гледа како доказ за посебни односи, и би бил многу среќен доколку пандата биде испорачана на кој било начин кој премиерката го смета за најпримерен во интерес на британско-американските односи.

Исто така напишал дека лорд Цукермен дури ѝ предложил да премирката пандата да ја повози со својот „конкорд“, кога идниот месец ќе патува во Вашингтон. Но, приватниот секретар на Тачер, Клаив Витмор, тогаш одговорил:

„Нејзиниот коментар е дека не сака да ја води пандата со себе затоа што пандата и политичарите не се согласуваат“.

Националниот архив содржи и документ на кој Тачер напишала: „Не ја носам пандата со себе“ при што двапати го подвлекла зборот „не“ и еднаш зборот „со себе“.

Исто така навела и дека лорд Цукермен знае повеќе за пандите од неа самата и дека е сигурна дека тој може да ги среди работите.

Националниот архив во Лондон содржи повеќе од 11 милиони официјални документи, од кои многу од нив се префрлени во владиното министерство, а често се отвораат за јавноста по 30 години, напоменува Би-би-си.

 

Ќе ви се допадне