Марихуаната можеби веќе нема да се смета за допинг во спортот

Светската антидопинг-агенција (ВАДА) размислува да ја отстрани марихуаната од листата на забранети супстанции во спортот и таа да не се смета како допинг во иднина. Ова доаѓа откако спринтерката Шакари Ричардсон не настапи на Олимпијадата во Токио бидејќи во јуни имаше позитивен тест на канабис. Анализата на ВАДА ќе почне в година, а дотогаш канабисот ќе остане на листата на забранети супстанции.

Американските спортски власти признаа дека марихуаната не ја користеле за подобрување на перформансите, но немале избор и морало да ги следат правилата. Позитивен тест на канабис моментно може да донесе и четиригодишна суспензија.

За потсетување, Ричардсон (21) важеше за една од фаворитките на трката на 100 метри, но потоа беше суспендирана. Таа изјави дека пушела марихуана за да се справи со смртта на мајка си.

И претседателот на Светската атлетска федерација, Себастијан Коу, претходно ги поддржа повиците за промена на статусот на марихуаната.

Scroll to Top