Војвотката од Сасекс, Меган Маркл (37), откако влезе во кралското семејство мажејќи се за принцот Хари (33) има дополнителни грижи. Таткото Томас Маркл (74) не дојде на венчавката под изговор дека е болен. Нејзината полусестра Саманта Маркл (53) јавно ја навредува дека го запоставила своето семејство.
Меган не беше поштедена ниту на својот роденден во саботата затоа што Саманта преку социјалните мрежи ѝ испрати честитка во која ја критикува затоа што не му го честитала роденденот на нивниот татко пред три недели.
„Среќен роденден Мег! Би било убаво од тебе на нашиот татко да му ја испратиш задоцнетата роденденска честитка за 18 јули. Поздрав“, напишала полусестрата, која само неколку дена пред роденденот ја спореди Меган со злобната Круела де Вил од анимираниот цртан филм „101 далматинец“.
Претходно Саманта напиша дека Меган и Хари се одлучиле да се повлечат од медиумската јавност.
„Во ред, значи Круела де Вил се повлекува од јавноста. Јави ми кога ќе ти упали тоа“, коментирала Саманта, чии објави на социјалните мрежи главно се сведуваат на навреди кон војвотката. Еднаш ја обвини дека ако татко им умре, неа ќе ја смета за одговорна.
„Како ќе го платиш данокот кон твојот татко?! Што е премногу, премногу е. Се правиш голема хуманитарка. Ако нашиот татко умре, тебе ќе те сметам за одговорна“, изјавила Саманта, нарекувајќи ја Меган бесмислена војвотка.
Нивниот татко неодамна се пожали во медиумите дека Меган и кралското семејство ја прекинале врската со него и изрази загриженост за ќерка си.