Механичар ја тужел „Тесла“ за неисправен автомобил и добил на суд

By

Анхел Гаитан е голем обожавател на автомобилите на „Тесла“ од 2013 година, а во септември 2020 година реши да го купи „тесла модел 3“.

dobivaj vesti na viber

Набргу по купувањето, забележал голем број проблеми со автомобилот. Најсериозната грешка што ја забележал на автомобилот е лошо изведен заварен спој, кој попуштил. Тој открил проблеми и на внатрешните панели, а автомобилот бил испорачан со разни празнини помеѓу поединечните делови, па дури и истрошени бришачи на шофершајбната.

„Автомобилот дојде со лошо направени заварувања на каросеријата. Ми рекоа дека е смешен проблем и да заборавам на тоа. Пред некој ден имав опција да го вратам автомобилот онлајн, но го пропуштив рокот бидејќи бев спречен. Потоа ми дадоа опција да го заварат, но јас тоа не им го дозволив на мојот автомобил“, рекол Гаитан.

Поради тоа, одлучил правдата да ја бара на суд. Судот одлучи дека „Тесла“ мора да му го врати целиот износ што го потрошил за купување на „модел 3“.

Пресудата е изречена во првостепениот суд во Фуенлабрад, а станува збор за 62.330 евра, односно толку треба „Тесла“ да му плати на Анхел Гаитан.

„Иако експертот инсистира дека проценетите недостатоци не го загрозуваат структурниот интегритет или безбедноста на возилото, докажано е дека возилото не ги исполнува стандардите за квалитет што се очекуваат од бренд како што е ‘Тесла’“, се вели во судската одлука.

Во меѓувреме, механичарот ги објави сите свои проблеми на социјалните мрежи, со што ѝ обезбеди негативно рекламирање на „Тесла“.

„Ел Периодико“ објави дека нема слични случаи во шпанската правна историја, но дека светот забележал оти еден сопственик на „Тесла“ добил сличен случај на суд во Кина.

Додека се очекува жалбата на „Тесла“ против пресудата, шпанскиот механичар стана утеха за многу сопственици на автомобилите на оваа компанија.

„Секоја недела кај мене доаѓаат сопственици на ‘тесла’ во Шпанија, кои ги имаат истите проблеми. Ги советувам како да се жалат и да поднесат жалба“, рекол Гаитан.


 

Ќе ви се допадне

hack go88

live sunwin sunwin khoá tài khoản sunwin khuyen mai