Фудбалската француска агентка и менаџерка Сонија Суид, го обвини првиот човек на Францускиот фудбалски сојуз Ноел Ле Грае дека сексуално ја вознемирувал. Таа раскажа за непријатното искуство кое го имала и рече дека често ја канел на вечера и шампањ.
Сакајќи даја намами и ветил дека ќе ја запознае со Брижит Енрикес, претседателката на францускиот женски фудбал, но кога се појавила на состанокот на масата видела само две чаши со шампањ.
„Не ме почитуваше како агент и ме гледаше како бомбона. Му бев привлечна само заради градите и задникот. Кога ги видов чашите шампањ ми стана јасно дека Брижит нема да се појави. Ми рече дека не ни била потребна. Се плашев дека можеби ми има ставено нешто во шампањот“, рече Суид.
Објасни дека ја уценувал да спијат заедно, ако сака нејзините идеи и планови во иднина се остварат.
За потсетување, фановите прво го критикуваа Грае за навредите кон легендарниот фудбалер Зинедин Зидан, но и откако му се извини реакциите не престанаа.