Групата „Металика“ донираше 40.000 фунти на добротворна организација за бездомници која се наоѓаше во близина на Download festival во Донингтон парк во Англија каде викендов одржаа два големи концерти.
„Беше неверојатно и бев малку запрепастен. Донацијата дојде во совршено време“, рече сопственикот на добротворната организација за донацијата на бендот.
Со на „Металика“ продолжи со добротворни донации кои ги правеа за време на нивната двегодишна турнеја. Досега направија значителна донација и за добротворната организација „Помогнете им на бездомниците“ во Лестер преку нивната фондација All Within My Hands, пишува NME.
Оваа организација им обезбеди поддршка и образование на работниците, се залага за намалување на гладдта во светот, помош при катастрофи и други услуги.
„Почнав да ја следам нивната фондација на социјалните мрежи пред неколку години и да ја означувам нашата работа, но тоа беше сè“, рече за „Би-Би-Си“, основачот на добротворната организација Ариф Вораји.
„Добив мејл од нив дека ќе свират на фестивалот Download, веднаш покрај патот до замокот Донингтон и дека сакаат да ги поддржат локалните добротворни организации. Беше неверојатно и бев малку запрепастен. Дојде во совршено време“, рече Вораји и додаде:
„Видовме огромен пад на донациите од јавноста и донациите од корпорациите, но во исто време забележавме и зголемување на побарувачката. Видовме 100% зголемување на побарувачката за нашата банка за храна и нашите други услуги за храна. Не доаѓаа само поединци, туку и цели семејства“.
„Овие пари се спас за навистина ранливите луѓе. Тоа ќе ни помогне да продолжиме да го правиме она што го правиме и да им помагаме не само на бездомниците, туку и на другите кои се борат, на луѓето кои се опоравуваат, на луѓето кои штотуку се вселиле во нови станови. Но, тоа исто така ќе помогне во секојдневните трошоци за водење на добротворната организација и само одржување на светлата“, рече Вораји.