Мус од јагоди, слатко задоволство од само 3 состојки

Денес ви споделуваме брз и лесен рецепт за десерт за кој ви се потребни само три состојки и добар блендер.

Потребни состојки:

  • 450 грама свежи јагоди
  • 300 милилитри слатка павлака за шлаг
  • 2 лажици шеќер, мед или јаворов сируп

Начин на подготовка:

1. Добро измијте ги јагодите и исечете ги на помали парчиња.

2. Ставете ги јагодите во блендер заедно со шеќерот и мешајте додека не добиете изедначена смеса. Ќе ви бидат потребни две до три минути.

3. Изматете ја слатката павлака па додадете ја смесата.

4. Оставете ја добиената смеса во фрижидер најмалку половина час пред да ја консумирате.

5. Послужете со парчиња свежи јагоди. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот рецепт за мус со јагоди, можеби ќе сакате да го прочитате и најслаткиот рецепт за ролат со јагоди.

Scroll to Top