Музичари од Европа, САД и регионот на фестивалот Здраво млади во Скопје

Фестивалот на независна музика Здраво млади ќе се одржи на 23 септември во МКЦ во Скопје. Најавени се 15 изведувачи од САД, Европа, регионот и Македонија. Настапи ќе имаат и лондонското трио „ПВА“, „Маусковиц денс бенд“ од Холандија, „Планет опал“ од Италија, култниот американски музичар Ијан Свенониус и хрватскиот шоумен Војко В.

Во продажба се пуштени првите карти по цена од 600 денари, а потоа ќе чинат 800 денари.

Scroll to Top