На полицајка ѝ се закануваат со отказ поради објавени секси фотографии

Шефот на Адриен Колежар (34) девојка која работи како припадник на полициските служби во Дрезден во Германија ѝ се заканува со отказ од работното место, ако продолжи да објавува провокативни фотографии на Инстаграм.

Адриен која пред две години била прогласена за најсекси полицајка во Германија, предизвикала лавина на коментари и полемики на социјалните мрежи, а многумина се прашуваат дали исто вака би реагирал нејзиниот шеф доколку станувало збор за машки припадник во службата.

Адриен која станала Инстаграм модел на социјалните мрежи ја следат 687.000 луѓе, кои ја фалат нејзината неверојатна фигура и снимките во костими за капење.

Минатата година Адриен добила шестмесечно неплатено отсуство од станицата, а ѝ било кажано да се врати на работа во јануари оваа година. Адриен вели дека тој период го искористила за одмор и патување, а фановите повторно ги израдувала со нови фотографии.

Германските медиуми пренесуваат дека сега добила и „бикини ултиматум“, а дека шефовите ѝ рекле да престане да го покажува телото на социјалните мрежи, или во спротивно ќе остане без работа.

Оваа вест предизвикала дебата за тоа како треба да се однесуваат државните службеници на социјалните мрежи и за тоа дали работодавецот смее да ги критикува фотографите, кои работникот самиот ги објавува на својот приватен профил. Исто така многумина се прашуваат дали оваа приказна би предизвикала толкаво големо внимание, доколку вакво нешто направел полицаец маж.

Scroll to Top