Најлоши пијалоци за здравјето на мозокот

Истражувања покажуваат дека здравиот начин на живот, кој го вклучува она што го јадете и пиете, може да помогне да се намали ризикот од деменција и Алцхајмерова болест. Како дел од превентивната стратегија за намалување на ризикот од деменција, важно е да внимавате што јадете и пиете, колку вежбате секој ден, а подеднакво е важно да избегнувате пушење и да одржувате здрава тежина. Она што го пиете има големо влијание врз целокупното здравје, телесната тежина и здравјето на мозокот. Имено, поради одредени пијалоци во исхраната консумирате многу нездрави материи, како што е додадениот шеќер. Меѓу нив предничат безалкохолните пијалоци, а потоа пијалоците со вкус на овошје, спортските пијалоци и засладеното кафе и чај. Некои од овие пијалоци содржат повеќе шеќер отколку некои десерти или слатки, пишува „Ит дис“.

Пијалоци треба да ги избегнувате:

Слатки пијалоци
Според извештајот од 2017 година од Националниот центар за здравствена статистика на САД, речиси половина од возрасните пијат еден или повеќе пијалоци засладени со шеќер дневно, вклучувајќи газирани пијалоци, пијалоци со вкус на овошје, спортски пијалоци и други. Тоа се околу 150 калории или 37 грама брзо апсорбиран шеќер калории дневно. Горната граница на додадени шеќери поставена од АХА (Американска асоцијација за срце) е 36 грама на 150 калории за мажи и 25 грама на 100 калории за жени. Шеќерот е лош и за вашата сива материја бидејќи е поврзан со метаболички состојби како што се кардиоваскуларни болести, мозочен удар, метаболички синдром, воспаление и дијабетес тип 2. Храната која го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести, исто така, го зголемува ризикот од деменција. Во една неодамнешна студија објавена во списанието за превенција на Алцхајмерова болест, авторите откриле дека оние кои рекле дека пијат најмногу пијалоци засладени со шеќер имале околу три пати поголеми шанси да развијат деменција, во споредба со оние кои не пиеле пијалоци засладени со шеќер. Ризикот од мозочен удар се удвоил и кај оние кои пиеле најмногу пијалоци засладени со шеќер. Истражувањето од Факултетот за јавно здравје на Харвард, исто така, покажува дека луѓето кои пијат еден или повеќе засладени пијалоци дневно имаат поголема веројатност да имаат послаба меморија, помал целокупен волумен на мозокот и значително помал хипокампус, дел од мозокот поврзан со меморијата и учењето. Авторите сугерираат дека зашеќерените пијалоци се поврзани со симптоми на претклиничка Алцхајмерова болест.

Млечни шејкови
Иако милкшејковите за многумина се ултимативно уживање, шеќерот и заситените масти се двоен удар за здравјето на вашиот мозок. Заситените масти, кои се наоѓаат во полномасната млечна храна, масното месо, путерот, кокосот и палминото масло, се познати по тоа што го зголемуваат нивото на ЛДЛ холестерол. Истражувањата покажуваат дека високиот холестерол може значително да го зголеми ризикот од деменција. Всушност, три големи студии покажаа дека високото внесување на заситени масти го удвојува ризикот од Алцхајмерова болест, додека исхраната со малку незаситени масти го намалува ризикот. Средно чоколаден шејк од Мекдоналдс има 650 калории, 85 грама (тоа е 21 лажичка) додаден шеќер и 11 грама заситени масти, или повеќе од половина од вкупните заситени масти што треба да ги консумирате во текот на денот.

Разни пијалоци со кафе
Обичното кафе или чај без додаден шеќер е одличен начин да го зголемите внесот на корисни антиоксиданси и други хранливи материи од растително потекло во вашата исхрана, но многу луѓе кои пијат кафе претпочитаат засладени пијалоци. Ако уживате во специјални пијалоци за кафе, можеби добивате изненадувачка количина на додаден шеќер и нездрави заситени масти. Вообичаените пијалоци како мока, лате со вкус, фрапе и друго може да содржат иста количина шеќер како две лименки газиран пијалок. Ако сакате поздрави опции, изберете вкусови без шеќер и направете свој напиток со обезмастено млеко.

Спортски пијалоци
Освен ако не сте професионален спортист, треба да ја ограничите количината на спортски пијалоци што ги пиете секој ден. Спортските пијалоци можат да бидат штетни за здравјето на вашиот мозок, особено за сивата маса на мозокот. Една од причините зошто овие пијалоци можат да бидат толку подмолни е тоа што се продаваат како поздрава алтернатива на газираните пијалоци. Додека спортските пијалоци играат важна улога во исхраната и хидратацијата на елитните спортисти за време на натпреварувањето, повеќето просечни луѓе наместо тоа можат да пијат обична вода или таблети за замена на електролити без калории. Едно шише спортски пијалок има околу 140 калории и 34 грама шеќер, колку што е дневниот внес на шеќер. Шеќерот во спортските пијалоци може да го зголеми ризикот од зголемување на телесната тежина, дијабетес тип 2, кардиоваскуларни болести и невролошки проблеми.

Пијалак за обновување после тренинг
Слично на спортските пијалоци, пијалоците за закрепнување се наменети за сериозни спортисти. Тие се специјално формулирани со сооднос 4:1 јаглехидрати и протеини и дизајнирани специјално за поттикнување на замена на течности, јаглехидрати и протеини. Причината зошто тие не се толку здрави за вашиот мозок е затоа што се калорични и се направени од едноставни јаглени хидрати, така што има многу малку причина да ги вклучите во вашата исхрана, освен ако не сте професионален спортист.

Енергетски пијалоци со кофеин
Ред Бул, Монстер и други енергетски пијалоци со кофеин првично беа развиени за екстремни спортисти или за да им помогнат на учениците да се разбудат или да останат будни, но тие немаат

Scroll to Top