Најлошиот ден во 2020 година за секој хороскопски знак

Според астролозите, за секој хороскопски знак постои по еден ден во годината што е најлош. Тие ги открија најлошите денови за 2020 година.

Овен: 17 февруари

Една од карактеристиките на личностите родени во овој хороскопски знак е тоа што тие секогаш се во брзање, се движат од едно место на друго и едвај одвојуваат време за да дишат. На 17 февруари тоа може да ве доведе во неволја. Овие личности можеби ќе бидат уловени од властите или од полицијата како прават нешто непрописно. За да ја избегнете неволја, бидете претпазливи, особено додека возите.

Бик: 13 мај

Биковите сакаат сè да биде под контрола, па 13 мај за нив ќе биде особено вознемирувачки ден заради начинот на кој ќе се размрда нивната банкарска сметка поради некои неочекувани трошоци. Можеби ќе останете со дупната гума или ќе мора да одите на лекар и да платите многу голема сметка. Биковите не сакаат да се разделат од своите пари, но на овој ден ќе бидат приморани неочекувано да ги потрошат. Поради тоа, планирајте го буџетот и тргнете настрана одредена сума пари.

Близнаци: 2 септември

Близнаците би можеле да влезат во проблеми поради својата репутација или љубовна врска. На овој ден ве очекува некаков крај, раскинување, развод или губење на статусот, престижот и почитта што ги имате. Бидете подготвени за да можете полесно да го поднесете тој ден. Исто така, внимавајте на зборовите што ги кажувате ако не сакате да ве доведат во непријатна ситуација.

Рак: 21 јуни

Личностите родени во овој хороскопски знак се соочија со многу предизвици во изминатите две години. Врската ви беше ставена на тест, а 21 јуни е денот кога ќе се прееле чашата. Ако вашата врска била токсична, можеби ќе заврши на овој ден. Овој ден ќе биде многу тежок за вас, особено затоа што вие многу ги цените врските, но можеби е време да се потпрете малку и на другите луѓе во вашиот живот, како што се семејството и пријателите.

Лав: 10 јануари

Лавот е знак што ја цени гордоста и ништо не е полошо за личностите родени во овој хороскопски знак од тоа да откријат дека партнерот има афера или дека некој им прави нешто зад грб. Но, може да се случи и спротивното, односно вас да ве откријат како правите глупости. Поради тоа, биде искрени кон сите и побарајте од нив да го направат истото.

Девица: 13 октомври

На овој ден ќе ви се расипе автомобилот, компјутерот нема да ви работи или ќе настанат многу недоразбирања. Можеби ќе добиете порака што била наменета за некој друг и по грешка завршила кај вас, па случајно ќе прочитате некое шокантно откритие. Доколку се случи ова, немојте да реагирате премногу бурно затоа што тоа само ќе ја влоши ситуацијата.

Вага: 12 јануари

Вагата се стреми кон рамнотежа и хармонија во својот живот, но на 12 јануари ќе има хаотичен ден поврзан со некои семејни случувања. Можеби ќе имате неочекуван трошок поради поправки во домот или проблем со некој член од семејството кому ќе му биде потреба токму вашата помош. Но, вие ќе успеете да се справите со тоа преку ефективна комуникација со оние што ќе побараат ваша помош и ќе дадете сè од себе за да им помогнете.

Скорпија: 15 август

Личностите родени во овој хороскопски знак можат да претчувствуваат кога ќе се случи нешто лошо, но на 15 август нивната интуиција ќе ги изневери и ќе останат изненадени кога врската ќе им тргне во погрешна насока. Проблемите што мислевте дека се решени повторно ќе се појават, па можеби ќе треба да прифатите дека врската едноставно не функционира. На овој ден или ќе одлучите да раскинете или ќе си дадете уште една, последна шанса.

Стрелец: 14 мај

Во текот на оваа година конечно треба да научите да бидете сериозни и да не ги игнорирате работите што имаат потреба од подобрување. Исто така, ќе треба да го промените начинот на којшто живеете и работите и конечно да направите нешто корисно за себе. На овој ден ќе почнете да ги преиспитувате своите одлуки и ќе анализирате каде би сакале да бидете во иднина.

Јарец: 12 јануари

На 12 јануари ќе добиете многу силен удар и ќе се чувствувате како да ја носите целата тежина на светот на вашите рамена. Нема да можете да бидете среќни сè додека не направите некои промени. Време е да ги оставите минатото и поранешните зацртани цели зад себе затоа што во овој момент тие повеќе наликуваат на обврски. Ќе ви биде потребна храброст да расклопите сè што сте составиле за да можете да изградите нешто ново на тоа место.

Водолија: 3 август

На овој ден ќе бидете присилени да ја напуштите својата удобна зона и да бидете вистински присутни и цврсто да стоите на земја. Ќе ви треба повеќе време за да научите како да ги искажувате своите емоции. Време е да пробате да ги правите работите на друг начин, но вие можете да се справите со тоа.

Риби: 12 јануари

На 12 јануари ќе имате тежок ден затоа што ќе се чувствувате осамено или одбиено. На овој ден можеби ќе ставите крај на некое пријателство или ќе имате проблем во вашето друштво. Можеби ќе се чувствувате како да не се вклопувате или како да не припаѓате таму. За да го надминете овој незгоден период, ценете ги пријателите што ќе останат покрај вас.

Scroll to Top