Најстариот активен лекар на светот откри како да го одржувате мозокот витален

Најстариот активен доктор на светот Хауард Такер, кој работи како невролог во Кливленд, вели дека има три правила со кои можете да го одржувате мозокот витален.

Такер, кој има 101 година и според Гинесовата книга на рекорди е најстариот активен лекар во светот, со медицина и неврологија се занимава повеќе од 70 години.

Вели дека за нашиот мозоко постојано биде витален, мора постојано да биде активен.

„Постои еден принцип до кој се придржувам, а кој секој може да го примени. Мора постојано да го одржувате умот активен, дали преку работни, социјални или забавни активности“, рече Такер и додаде дека тој користи три дневни ритуали за да го поттикне здравјето на мозокот.

Такер рече дека работата го тера редовно да прегледува медицински теми и да размислува за проблемите. Неговата сопруга Сара, со која е во брак 66 години, и на 89 годишна возраст се занимава со психотерапија и психијатрија.

Да се биде во тек со најновите достигнувања во областа на неврологијата е нешто што го одржува мојот мозок активен“, рече Такер, кој освен преку работата и хобито и со учење на нови вештини се одржува ментално ангажиран.

„Во раните шеесетти се запишав на Правниот факултет кој го посетував ноќе, по својот редовен работен ден во медицината. Правосудниот испит во државата Охајо го положив на 67 години“, рече Такер.

Вели дека и силните социјални односи можат да помогнат во зачувување на меморијата и когнитивните функции.

„За жал изгубив многу мои блиски пријатели, членови на семејството и колеги. Но, среќен сум што преку работата создадов врски со помлади колеги“, рече тој и додаде дека со Сара исто така, редовно вечераат со луѓе од нивната заедница, се дружат и одржуваат социјалните врски.

Најмалку двапати неделно вечераат со ќерката и зетот и со синот и неговата сопруга. Исто така со пријателите и колеги сакаат да истражуваат нови ресторани. Такер рече дека обожава и да чита биографии и детективски приказни.

 

Scroll to Top