Бакнувањето е посебен чин. Кај нас ги буди најубавите емоции, создава силна врска, го поттикнува лачењето на хормоните на среќа. Оние што веруваат во астрологијата велат дека припадниците на овие хороскопски знаци љубат подобро од другите.
Овен
Овенот само сака да се бакнува. Затоа неговите бакнежи се полни со страст и задоволство. Освен тоа, тој не сака обични бакнежи, туку прави вистинска уметност од бакнувањето. Нежно гризење на усните или страсни бакнежи со јазик – никогаш не знаете што да очекувате од него. Жената во овој знак постојано го изненадува својот партнер со бакнежи уште од самиот почеток. Кога Овенот ќе заведе некого, тој останува засекогаш маѓепсан од неговите усни.
Рак
Раковите се исто така меѓу најстрасните луѓе. Сакаат романтични и сензуални бакнежи. Усните им се меки и нежни. Ракот не само што ги бакнува усните на својот партнерт туку и го покрива целото тело со бакнежи.
Риба
Рибите се многу разиграни, но и многу внимателни. Сепак, токму тоа ги прави бакнежите на Рибите исклучително страсни. Сакаат да го галат партнерот со усните и на тој начин да ја отстранат секоја напнатост. Не се себични, се грижат за потребите и желбите на своите партнери. Особено уживаат во францускиот бакнеж.