30-годишната Американка Лорен Дреин ја има неофицијалната титула за најсексапилна медицинска сестра. На „Инстаграм“ ја пратат неверојатни 3,2 милиони луѓе. Лорен живее на Флорида каде што е вработена како медицинска сестра, специјализирана за кардиологија.
Кариерата во здравството ја започнала на 16 години, а покрај своето главно занимање, таа работи и како личен тренер.
Благодарение на добрата организираност, секогаш наоѓа време за интензивни тренинзи во сала за вежбање, а не крие дека вежбањето е заслужно за нејзиниот изглед.
Исто така, таа е поборник за активен стил на живеење и кажува дека тоа е клучот за долготрајно здравје.
„Во својата кариера никогаш немам видено професионален спортист кој доживеал сериозна здравствена криза. Постои причина за тоа – активниот животен стил го намалува ризикот од болести и го промовира општото добро“, изјавила Лорен.
Во моментите кога почувствувала слабост и умор, таа решила да ја преземе контролата над својот живот.
„Сакав да бидам здрава, згодна, јака, сигурна жена, која активно ја запира болеста наместо да ја лекува со пилули и лекови“, изјавила таа за „Дејли мејл“.