Манекенката и инфлуенсер Џулија Медеирос (22) тврди дека платила повеќе од 9.000 долари за вагинална операција за повторно да стане девица, по што добила понуда од 500.000 долари за секс.
22-годишната Џулија, која се прослави по операцијата, но и по својата неверојатна сличност со ријалити ѕвездата и претприемач Кајли Џенер, изјави дека обожавател која сака да и ја земе невиноста и понудил огромна сума.
Посветениот следбеник најпрвин започнал со мала понуда од 10 илјади долари, а таа сума растела од ден на ден.
Сепак, Џулија не е заинтересирана да се продава бидејќи се штеди за љубов.
„Не сакам да го правам ова за пари“, открила таа и додала: „Невиноста ја изгубив на 17 години. Бев измамена пред корекција на вагината, се покајав што имав секс. Беше постар, ми вети брак, деца и дом. Откако го доби тоа што го сакаше со мене, си замина. Сега барам врска во која ќе се чувствувам сакано и каде ќе ја сакам таа личност“.
Џулија тврди дека ова не е прв пат да ѝ бидат понудени пари на ваков начин.
„Не е прв пат. Уште кога имав реконструкција на химен, луѓето почнаа да ми даваат многу високи понуди. Никогаш не би прифатила. Нема ни најмала можност, тоа ќе го направам само поради љубов, само кога ќе ја најдам вистинската личност. Нема пари на овој свет што би можеле да ја купат мојата невиност. Јас сум супер романтична“, признала таа.
Таа открила и како треба да изгледа нејзиниот идеален маж.
„Висок и финансиски успешен човек. Многу сакам црвенокоси и русокоси, но тоа не е услов“, открила таа.