Роверот „Кјуриус“ на НАСА ја направи првата јасна фотографија од сончевите зраци на Марс, а целата сцена наликува на бело зајдисонце на Земјата. Роверот ја снимил оваа етерична фотографија на 2 февруари, додека Сонцето заоѓа зад група мрачни облаци, осветлувајќи ги во пригушени нијанси на зелена и розова боја.
Со оглед на тоа дека овој облак се наоѓал на невообичаено голема надморска височина, научниците претпоставуваат дека облаците се составени од мраз со јаглерод диоксид, познат и како сув мраз. Повеќето од облаците на Марс се на висина до 60 километри, а се состојат од воден мраз, пишува Биснис инсајдер.
„Кјуриус“ исто така, сними блескав облак во облик на пердув. Овие облаци, кои ги гледаме и на Земјата, поради нивната разнобојност потсетуваат на виножито. Тие се нарекуваат облаци во бои на виножитото, а самиот феномен се нарекува иридисценција или иризација.
За разлика од виножитото, кое е резултат на прекршување на сончевата светлина додека минува низ големи капки вода, блескавите облаци се предизвикани од дифракција. Дифракцијата се јавува кога зрак светлина ќе наиде на пречка со слична големина на таа бранова должина на светлината, а потоа се прекршува и се свиткува околу пречката.
Облаците на Марс се ретка појава бидејќи нема многу вода во атмосферата на планетата. Кога се појавуваат облаци, тоа најчесто се случува околу марсовиот екватор во најстудениот дел од годината.
Scientists say these are the clearest shots of sun rays on Mars they’ve ever seen. https://t.co/zjsgED8Gxj
— Mashable (@mashable) March 8, 2023