Научниците создадоа јахта за оние што сакаат да го преживеат крајот на светот

Научниците создадоа суперјахта со име Noy која е доволно силна што може да издржи апокалиптични бранови како на филмовите.

Јахтата има еден главен и два помошни трупа, а е инспирирана од арката на Ное, односно бродот кој го спаси него, неговото семејство и животните од поплавите со епски пропорции.

Иако не личи како на некои од пловилата од минатото, има футуристички дизајн со елегантни аголни линии, кои потсетуваат на вселенски брод. Со неа можат да пловат неколку десетници луѓе.

„Сакав да дизајнирам нешто единствено и речиси неуништиво“, призна нејзиниот дизајнер Арас Казар, кој во својата работа комбинира елементи на минимализам и футуризам.

Покривот е направен од соларни панели и со нив се генерира целата потребна енергија за движење. Долг е 66 метри, широк 76 метри и може да се движи со брзина од 24 јазли.

Дизајнот е речиси целосно направен од стакло па така гостите може да имаат поглед од 360 степени. Може да престојуваат во три главни и шест помали кабини, а на бродот има место за 16 членови на екипажот.

Scroll to Top