Селекторот на фудбалската репрезентација на Нигерија им забранил на своите соиграчи да имаат секс ден пред и за време на мечевите што селекцијата ќе ги игра на мундијалот во Русија.
Особено акцент ставил на Русинките.
Ваквиот ред доаѓа поради мислењето дека сексуалните активности може да влијаат на подготвеноста и концентрацијата на фудбалерите за време на големите натпреварувања.
Репрезентативците на Нигерија веќе добија прецизни упатства.
„Жените може да ги посетат играчите. Секој ќе има своја соба, а во посета може да дојдат само во деновите кога не се подготвуваме за натпревари и кога немаме натпревари. Нема да им дозволувам на момците да донесуваат руски девојки. Само нашиот капитен Микел може да ја доведе својата жена Русинка“, беше јасен селекторот Гернот Рор.
Капитенот Џон Оби Микел, инаку поранешен фудбалер на Челси, е во брак со Русинката Олга Дјаченко, со која се запознал во 2013 година во Лондон, каде што нејзините родители му беа соседи на нигерискиот репрезентативец.