Велат дека со читањето стекнуваме нови искуства и учиме за светот од различни перспективи, се зголемува нашата моќ да ги разбереме луѓето различни од нас, што го подига квалитетот на нашите животи на повисоко ниво. Овие пет книги дефинитивно ќе ви ја променат животната перспектива, објави српскиот портал „Могу ја то сама“.
1. „Човек по име Уве“ – Фредерик Бакман
Оваа книга ќе ве расплаче и насмее во исто време. Ќе ви го промени секојдневието и ќе ве потсети дека луѓето се различни и дека причината за одредено однесување на нашиот сосед или познаник лежи во неговото минато, во болката што ја носи и животните околности на кои наишол. Бакмен ќе ве натера да го промените вашето гледиште, да навлезете во суштината на односите со луѓето и никогаш да не се откажувате од луѓето што ги сакате, туку да се поврзете со нив на подлабоко ниво и да ја сфатите суштината на нивното битие.
2. „Седум принципи на среќен брак“ – д-р Џон М. Готман
Оваа книга ќе ви помогне да ја погледнете вашата врска со партнерот од повеќе агли, да го разберете секојдневното однесување кое долгорочно ја уништува вашата врска и да станете свесни за малите нешта што си ги правите еден на друг, кои можат да имаат позитивни и негативни ефекти врз врската. Книгата е позитивна и ве повикува подобро да го запознаете партнерот и да ги промените деструктивните обрасци на однесување, ве поттикнува да имате позитивен став кон животот и љубовта.
Доколку имате можност, самиот писател ве поканува да ја прочитате книгата заедно со вашиот партнер.
3. „Опкружен со психопати“ – Томас Ериксон
Насловот звучи сурово, но всушност е фантастично четиво кое ќе ви помгне да ги разберете луѓето околу вас, така што ќе влијае на вас и ќе ви ја олесни работата во деловното опкружување. Преку оваа книга ќе се запознаете со психолошките особини на различни типови на луѓе, ќе ви помогне реалистично да ја видите вашата околина и да ги согледате нивните силни и слаби страни.
Книгата првенствено е фокусирана на продуктивноста и ќе ве поттикне во деловното опкружување, ќе ве поттикне да разговарате со соработниците и ќе ви олесни да го разберете нивното однесување и деловните одлуки што ги носат. Токму тоа разбирање или знаење што ви го дава книгата може да ви послужи во наредните години и да ве поттикне да напредувате во деловниот свет и да ги исполните вашите соништа.
4. „Разбудете се во пет“ – Робин Шарма
Доколку имате впечаток дека успешните луѓе се далеку пред вас и дека никогаш не наишле на животни проблеми, депресија и целосно губење на самодовербата, почетокот на оваа книга ќе ве убеди дека правите голема грешка. Робин Шарма, човекот кој имал сè, а потоа изгубил сè, повторно се крева и нè потсетува дека сите сме еднакви и дека можеме да се бориме за себе и нашите цели само ако сакаме. Во книгата писателот дава конкретни совети кои му помогнале на патот до успехот, па затоа важи за инспиративна книга која влева позитивна енергија.
5. „Вероника реши да умре“ – Пауло Коељо
Изгледа дека младата Вероника има совршен живот, но не ги гледа неговите предности и оваа прекрасна книга ќе ве предупреди да ги погледнете своите способности и вашето тело од неколку агли, прифатете се и сакајте се себеси. Коељо нè предупредува дека не мора да се вклопуваме во обрасците на општеството, дека тоа не значи дека сме помалку вредни и дека познавањето на нашите способности и особености во однос на другите луѓе е делумно целта на нашето патување на оваа планета. Книгата ќе ви донесе насмевка и покрај насловот кој го одзема здивот.
Извор: Mogujatosama.rs