Математичките задачи за освновците често се енигма и за возрасните кои неретко се заплеткуваат во решавањето на истите. На социјалните мрежи се појави тест кој предизвика расправа и меѓу возрасните. Иако ученикот добил точен резултат, поради погрешната постапка наставникот му дал 0 бодови.
По објавената задача имаше голем број коментари од родителите кои го критикуваат образовниот систем.
„Иако добил точен резултат ученикот добил 0 бодови. Образовниот систем ни е убиец на креативното размислување. Не е поентата во резултатот колку што можам да видам. Туку се обидува детето да се научи како да размислува. Очигледно дека тоа е поентата на лекцијата и тестот. Детето не ја сфатило. Поентата на математиката пред сè е точниот резултат, на ученикот е да го докаже резултатот, но не може да му ги земе сите бодови затоа што не би му ги дал сите ни на лице кое има неточен резултат со точната постапка. Образовниот систем ни е лош. Драго ми е што моите деца не одат во училиште. Ова не води кон ништо. Сè се сведува на тоа децата да размислуваат на начин на кој размислуваат наставниците. Тоа мислам дека не е во ред. Апсолутно не разбираат дека секое дете го формира мозокот и логиката на различен начин и дека тоа треба да се негува, а не да се пресекува. Разбирам дека сакаат да ги научат нашите деца на одреден метод на решавање, но толку да се инсистира особено на оваа возраст е лудо. Сосема без чувство за децата. Голема срамота“, биле само некои од коментарите на родителите.