Откако двапати го победи ракот на дојката, Анастасија ги покажа градите

Американската пејачка Анастасија во 2003 година се соочи со рак на дојка, болест која успеа да ја победи, но по девет години ракот се врати. Ова ја поттикна пејачката да направи двојна масектомија со што ја отстрани можноста и по третпат да ја води битката со овој тип рак.

Сега, ослободена од сите проблеми, таа на својот инстаграм-профил објави фотографија на која во прв план се нејзините гради по операцијата и напиша:


„Целта на оваа фотографија е да шокира. Се надевам дека ќе им покаже на жените дека можат да се чувствуваат удобно во својата кожа и по битката со оваа болест, да сфатат дека можат да бидат секси и по радикална двојна масектомија и, најважно од сè, дека без оглед на резултатот, тие се вистински воини“.

Обожавателите на пејачката се воодушевени од смелиот чекор и силната порака што ја пренесе пејачката.

Scroll to Top