„Старбакс“, една од најпопуларните кафетерии во светот неодамна ја отвори новата продавница во Шангај. Ова е нивната најголема кафетерија досега. Таа на гостите им нуди едно поинакво искуство. Пред да ја посетат подавницата, клиентите преку апликацијата roastery smartphone ќе можат да прочитаат информации за неа, а во самата кафетерија ќе можат да собираат виртуелни беџови со кои ќе го заработат уникатниот филтер Roastery за социјалните мрежи.
Новина е и тоа што гостите можат да ги гледаат бармените како ги подготвуваат нивните пијалаци, но и пекарите и слаткарите кои ги подготвуваат колачите и тортите што се продаваат таму.