Oтворена истрага против пејачот на „Рамштајн“ по обвинувањата дека на концертите регрутирал девојки за секс

Германската полиција отвори истрага против пејачот на „Рамштајн“, Тил Линдеман, кого го обвинуваат за серија сексуални напади. Неколку жени го обвинија дека биле регрутирани за секс на концертите на германската метал група.

Шелби Лин од Северна Ирска рече дека во нејзината пијачка ѝ ставиле дрога и дека ја терале на секс. Шеесетгодишниот Линдеман ги негираше обвинувањата. Полицијата рече дека отворила истрага по неколкуте кривични пријави поднесени од трети лица, кои не биле директно вмешани во инцидентите.

Дваесет и четиригодишната Лин неодамна збореше за постоење на организиран систем на привлекување девојки и дека ја одвеле во мала соба на концертот во Литванија, каде што потоа дошол Линдеман. Таа вели дека заминала откако сфатила дека станува збор за сексуална работа.

Нејзиното обвинување беше следено од други слични изјави, во кои се спомнуваше Русинка, за која се верува дека регрутирала фанови за Линдеман, така што ги канела на забави пред и по концертите.

Scroll to Top