Капитенот на Македонија, Горан Пандев, поради болка во зглобот го пропушти утринскиот тренинг на репрезентацијата на тренинг центарот на Ајакс. Македонија во третото коло ќе го одигра последниот натпревар на Европското, против репрезентацијата на Холандија.
Дуелот од третото коло во групата Ц, Македонија ќе го игра во понеделник, со почеток од 18. часот на „Јохан Кројф Арена“ во Амстердам. Македонија остана без шанси за понатамошен пласман, по поразите од Австрија и Украина.