Паровите што спијат голи се најсреќни во врската

Една британска студија го откри дека паровите што спијат голи се најсреќни во врската. Во оваа студија биле вклучени 1.004 лица. Тие што признале дека спијат голи со партнерот или само во долна облека, биле посреќни од оние што спијат во пижами.

„Постојат голем број фактори што влијаат на успехот на врската. Еден од оние на кои не се обрнува внимание е атмосферата во спалната соба. Спиењето голи во кревет или само во долна облека може да ја зголеми чувствителноста на вашата кожа и дава поттик за отвореност и интимност меѓу паровите, а тоа доведува до зголемување на среќата“, рекла Стефани Тиерс-Ретклиф, која ја водела студијата.

Резултатите покажале и дека на половина од испитаниците им пречи ако другата половина јаде во кревет, а речиси 60%  од нив не можат да поднесат валкани алишта на подот од собата.

Scroll to Top