По 15 години враќање на „Индијана Џонс“ на Кански филмски фестивал

Новиот филм од серијалот на „Индијана Џонс“ премиерно ќе биде прикажан на францускиот филмски фестивал во Кан во мај. Актерот Харисон Форд за последен пат ќе глуми во филмот.

„Индијана Џонс и Бројчаникот на судбината“ со Фиби Волер-Бриџ и Антонио Бандерас покрај Форд, е петтиот дел оваа филмска авантура. Холивудскиот ветеран веќе најави дека ова ќе биде негов последен „Индијана Џонс“ филм.

За овој филмски лик светот првпат дозна 1981 година, со филмот „Индијана Џонс: Крадците на изгубениот ковчег“,

Дејството на петтиот филм е сместено во времето на светската тн. „вселенска трка“ од 60-тите и содржи ретросцени во коишто 80-годишниот актер е дигитално подмладен. Ова е и првиот филм што не е режиран од Стивен Спилберг.Филмот е во режија на Џејмс Манголд.

Фестивалот во Кан оваа година ќе трае од 16. до 27 мај, а неговата целосна официјална програма ќе биде објавена следниве неколку недели.

 

Scroll to Top