Ексхумираното тело на калуѓерка четири години по нејзината смрт било без знаци на распаѓање во црква во Мисури. Поради ваквата појава верниците католици сакале да ја прогласат за светица поради овој несекојдневен настан.
Стотици луѓе допатувале во црквата за да сведочат и да го видат чудото, односно непроменето тело на сестрата Вилхелмина Ланкастер, која починала во мај 2019 година на 95-годишна возраст.
Нејзиното тело било погребано надвор од црквата и неодамна било ексхумирано за да биде сместено во подобра гробница во капелата. По нејзината смрт, калуѓерката не била балсамирана и работниците очекувале да ги откопаат само остатоците од нејзиното тело, но наместо тоа откриле дека тоа е совршено недопрено.
Овој настан бил наречен „Чудото од Мисури“. Посмртните останки на покојната калуѓерка сега ќе бидат преместени во стаклена кутија за секој сам да се увери во вистината на приказната.
Пукнатината во ковчегот предизвикала слој од мувла над телото. Но, кога игуменијата погледнал подобро, таа се изненадила кога видела дека телото е целосно недопрено и непроменето.
„Ми се чинеше дека видов целосно полно, недопрено стапало“, рекла таа, пренесува Католичката новинска агенција.
Како што била отстранета мувлата од телото на калуѓерката, круната и цвеќињата со кои таа била погребана, заедно со нејзината бројаница и распетието, останале речиси недопрени, според новинската агенција.
Мајката Сесилија чудото го нарекла „надеж“. Има многу кои сакаат калуѓерката да биде прогласена за светица.
Католичката црква верува дека зачуваното тело по смртта е знак на светост. Но, телото што не гние не секогаш го квалификува човекот како светец.
Наместо тоа, црквата го цени како чудо што не може да се разбере поинаку освен „божја работа“, според RomanCatholicSaints.com.