По кусо боледување почина режисерката Виолета Џолева

На 71 годишнавозраст по кусо боледување почина театарската и ТВ режисерка Виолета Џолева, објави нејзината ќерка.

Во објавата на Фејсбук се вели дека Џолева не сакала погреб, но дополнително ќе се организира настан со кој ќе се слави нејзиниот живот.

Таа е една од најплодните македонски режисерки, а меѓу последните претстави ѝ беа „Партија реми“ во Драмски театар во 2018  и „Земја во која не се стигнува“ според текст на Оливера Николова во Театарот за деца и младинци.

Виолета Џолева дипломирала на Театарската академија во Белград во 1974. Била член на Радиодрамата (1958–1969), режисерка во РТВ Скопје (1974–1976), режисерка во Камерниот театар во Сараево (1976–1992); слободна уметничка (1992–1994), а од 1994 беше драматург и режисерка на МРТ.

Scroll to Top