Почина поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони почина на 86-годишна возраст. Берлускони почина во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, пренесоа италијанските медиуми.

Берлускони од април се лекуваше од инфекција на белите дробови поврзана со леукемија од која боледуваше извесно време.

За потсетување, Берлускони беше медиумски тајкун кој водеше три италијански влади меѓу 1994 и 2011 година, а неговата партија Форца Италија е партнер во сегашната владејачка коалиција.

Scroll to Top