Уште една тажна вест од ракометот. Денес почина Горан Станковиќ, поранешен ракометар и ракометен работник. Долги години беше дел од раководството на ракометниот клуб, Јуниор Кисела Вода. Неговиот глас беше најмногу препознатлив од натпреварите на Металург во Автокоманда и „Борис Трајковски“, каде што беше најавувач на средбите. Освен со ракометот, Станковиќ се занимаваше и со музика.
Утрово почина и младиот ракомтар на РК Аеродром , Андреј Птеревски, на 19 години.