Раперот Пи Диди излегува со поранешната девојка на син му

Светскиот рапер Шон Комбс, познат како Пи Диди ја освои девојката на неговиот син Лори Харви, пишуваат американските медиуми. Двајцата се во врска веќе некое време, а во јавноста темата стана актуелн во последните два дена кога се откри дека манекенката излегувала со првиот син на Комбс, Џастин.

Голем број на фанови ја осудија ваквата врска на „Твитер“. Џастин синот на Компс подолг период излегуваше со Харви, а сега нема проблем со тоа што таа излегува со неговиот татко, пишуваат медиумите.

Мајката на Лори е омажена за фамозниот американски комичар и водител Стив Харви. Оваа врска е главна тема на таблоидите ширум светот, а досега ниту Диди ниту Лори се немаат огласено за да ги потврдат или демантираат ваквите информации.

Раперот може да се пофали со тоа дека успеал да заведе многу девојки, меѓу кои и Џенифер Лопез. Двајцата биле во врска во периодот од 1999 година, до 2001 година, кога Лоез го оставила и се омажила за кореографот Крис Џад.

Диди и Лопез останале во пријателски односи, па американските папараци често ги гледаа заедно во јавноста. Диди секогаш има пофални зборови за своите поранешни девојки.

„Нејзин талент, одлучност. Таа никогаш нема да се откаже. Џенифер е моја голема пријателка и тоа секогаш ќе биде“, изјавил во едно од своите интервјуа Диди, кој откако Лопез го оставила, признал дека променил голем број на девојки во неговиот живот.

По романсата со Џеј Ло, Диди најсериозна врска имал со пејачката Кејси. Со неа минал пет години и изјавиле дека планираат да се венчаат, но во 2016 година, дошло до бурен прекин на врската. Кога Кејси му кажала дека сака да раскинат, тој ја обвини за неверство. Диди ја удрил неколку пати и го земал мобилниот телефон, по што таа го пријавила во полиција.

 

Scroll to Top