Состојки:
700 гр брашно, 2 јајца, 50 гр свеж квасец, 50 мл масло, 200 мл млеко, 1 лажичка сол, 1 лажица шеќер, масло за пржење, шеќер во прав за посипување.
Подготовка:
Во длабок сад се става брашното и се додаваат јајцата, маслото, млекото, солта, шеќерот, ванилиниот шеќер и издробениот квасец. Сè убаво измешајте и замесете тесто. Тестото треба да се одвои од ѕидовите на садот и да не се лепи за прстите.
Покријте го тестото со чиста крпа и оставете го да стаса околу 45 минути. Кога тестото ќе нарасне, извадете го на работна површина на која претходно сте посипале брашно и поделете го на два дела. Еден дел развлечете го со сукало и со чаша извадете кругови за крофни. Постапката повторете ја и со другата половина од тестото, па оставете ги крофните да одморат уште дваесетина минути на набрашнета површина, за да не се залепат.
Во длабока тава загрејте поголема количина масло и полека додајте ги крофните да се пржат. Не ги пржете на највисока температура, туку намалете ја на средно. Доволни се неколку минути од двете страни. Готовите крофни добро исцедете ги и ставете ги на салфетка за да се впие вишокот масло. Потоа посипете со шеќер во прав.