Рецепт за лења пита со тиква

Состојки:

За кора:
400 гр брашно, 100 мл кисело млеко, 2 јајца, 125 гр путер растопен на собна температура, 100 гр шеќер, 1 кесичка прашок за пециво

Фил:
4 јајца, 50 гр кафеав шеќер, 2 лажички цимет, 1 тиква (1,5 кг – 2 кг)

Подготовка:
Фил: Тиквата се сече на крупни парчиња, се премачкува со тенок слој масло и се пече на 200 степени околу 35 минути. Кога ќе се олади, извадете ја кората и стискајте дел по дел помеѓу дланките за да се отстрани вишокот вода. Така добиената маса измешајте ја со јајцата и другите состојки и матете додека не се добие хомогена, прилично течна маса.

Кора: Измешајте ги сите состојки за да добиете хомогена маса. Поделете на два дела. Покријте го плехот со хартија за печење. Половина од масата премачкајте ја со сукало или со рака и ставете ја на дното. Прободете со вилушка на повеќе места. Наполнете ја првата кора со фил од тиква. Втората кора расукајте ја на друга хартија за печење. Префрлете го преку филот. На неколку места боцнете со вилушка. Се пече околу 25 минути на 200 степени во загреана рерна.

Scroll to Top