Рецепт за погача полнета со путер и павлака

Состојки:
600 гр брашно, 8 g сув квасец, 1 јајце, 100 мл масло, 2 лажички сол, 300 мл млеко, 200 гр кисела павлака, 1 лажичка шеќер, 100 гр путер, жолчка за премачкување, семе од афион за посипување.

Подготовка:
Во сад ставете млеко, квасец и шеќер, измешајте и оставете да отстои 5 минути. Потоа, додадете јајце, масло и постепено додавајте брашно додека мешате. Истурете сол и замесете тесто. Оставете го тестото да стаса околу 15 минути. Тестото поделете го на 4 дела и формирајте топчиња. Земете ја првата топка и расукајте ја со сукало, па премачкајте ја со путер и оставете ја на страна. Второто топче развлечете го и ставете го врз првото, па намачкајте го кремот во подебел слој. Третото топче развлечете го, па ставете го врз веќе извитканите и развлечените кори, па премачкајте со путер. Потоа расукајте го четвртото последно топче и ставете го врз другите и убаво спојте го со првиот слој, за да се затвори филот.

Ставете ја кората во тавата, а потоа користете нож за да формирате ѕвезда (не притискајте го ножот до крај). Намачкајте го колачот со жолчка и посипете го со афион. Се пече на 200 степени околу 30 минути.

 

Scroll to Top