Состојки: (за 2 лица)
– 10 ќебапи
– 4 листови шунка
– 4 листови кашкавал
– помфрит
– 2 краставици
– 2 млади кромидчиња
– Кисела павлака
– зелка
– сол, масло, оцет
Подготовка:
Одделете 10 ќебапи на два дела (по пет за секој човек). Ставете малку масло на дланките и земете пет ќебапи и направете топка. Ставете на проѕирна фолија. Направете го истото со другите пет.
Распоредете ја смесата да биде ретка. Отстранете ја фолијата, наредете две листови шунка, а врз нив две листови кашкавал. Завиткајте ги и страните, за да не се одмотува или истекува содржината.
Ставете го на скара или во тава. Додека се пржат ќебапите, загрејте го маслото во друга тава и додадете го помфритот што треба да се пржи, како прилог.
Ќебапите тргнете ги од оган, а настрана додадете го помфритот.
Можете да го послужите со салата од зелка или да направите салата од краставици со млад кромид со додавање на павлака.