Пејачката Рита Ора влезе во светот на модата. На својот профил на Инстаграм, таа откри дека потпишала договор за соработка со модната агенција на својата пријателка и манекенка Кејт Мос.
Агенцијата на Мос, ќе почне да ја застапува Рита во светот на модните потфати. Од таму велат дека Рита и Кејт се тим од сништата.
„Кејт отсекогаш ми беше менторка и пријателка. Навистина е чест да се работи со неа“, изјавила Рита за The Sun.
„Ја следев нејзината работа и кариера како напредуваат и како нејзиното име стана едно од највлијателните брендови на светот. Беше вистинска инспирација. И кога почнавме да зборуваме за соработка, тоа се чинеше така природно“, вели пејачката.
Модната агенција на Кејт и посака добредојде објавувајќи нејзина фотографија на службената страница и зацврстувајќи го нејзиното портфолио на пописот на своите таленти.