Сергеј Трифуновиќ во одбрана на Мики Рурк поради неговиот изглед

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ, објави фотографија на својот Инстаграм профил со холивудската ѕвезда Мики Рурк, и предизвика општ хаос на социјалнтие мрежи.

Холивудската ѕвезда изгледа сосема непрепознатливо.

Рурк по направените пластични операции, целосно го има трансформирано неговото лице, а  многумина под објавата на Сергеј остро го критикувале неговиот изглед.

Во повеќето коментари луѓето зборувале за неговиот изглед пред драстичните промени и операциите кои ги имал на своето лице, па говореле дека претходно бил поголем фраер, а дека сега тотално се унаказил и претерал со ботоксот.

„Полека. Погледнете се во огледало на негови години“, порача Сергеј.

„Овие што ја коментираат естетиката, на негово место, половината од нив, не би биле ни живи. Многумина после првиот филм би добиле ХИВ. Мики Рурк сето ова го преживеа. ПОЧИТ!“, го поддржа Дадо Глисиќ.

 

Scroll to Top